Гостиварчанец тешко повреден: Го удри автомобил па мотор
Велосипедист е тешко повреден по сообраќајна несреќа која вчера попладне се случила на булеварот „Браќа Ѓиновски“ во Гостивар.
Четириесетгодишниот гостиварец Д.П. движејќи се со велосипедот бил удрен со врата од патничко возило „Голф 3“ со странски регистерски таблици, што ја отворил 41-годишниот Р.Ѓ. од Косово, кој претходно го паркирал возилото на обележано паркинг-место. Велосипедистот од ударот загубил контрола на движењето, по што на него налетал непознат моторцикл, кој веднаш го напуштил местото. Д.П. паднал на коловозот, се здобил со тешки повреди и со „ Голфот“ веднаш бил пренесен во гостиварската болница, укажана му е помош и пуштен е на домашно лекување.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа