ФОТО: Полицијата влезе во тетовско - еве што пронајде
Полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово, ноќеска спровеле акциска контрола во четири угостителски објекти, од кои два на тетовското и исто толку на гостиварското подрачје. Во угостителскиот објект „Енерџи-клуб“, лоциран на регионалниот пат Тетово-Сараќино, сопственост на 33-годишниот тетовец М.А. биле затекнати 10 девојки, 9 српски и една државјанка на Република Македонија.
Девојките на возраст од 21 до 45 години биле ангажирани како танчерки и поради сомение дека го злоупотребиле туристичкиот престој во нашата земја, заедно со сопственикот на објектот, приведени се и задржани во Полициската станица Тетово.
Во угостителскиот објект „Ориентал АС“ во Жеровјане, сопственост на 25-годишниот А.А. од Боговиње, приведени се 15 странски, односно државјанки на Република Србија.
Приведените девојки и двајцата сопственици на објектите предадени се за натамошна постапка во Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија.
Во двата контролирани објекти на гостиварското подрачје „Експорт-импорт“ во Чегране и „Били 97“ во Добридол не биле затекнати странски државјанки.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа