ВМРО-ДПМНЕ: Само „happy face“ ќе им остане на СДСМ - народот ќе им се смее после изборите
Ова е период кога фрустрираното и криминално раководство на СДСМ може да живее со своите желби и фантазии дека ќе го надмудри народот во Република Македонија и ќе се дограби до власт без поддршка на граѓаните, пишува ВМРО-ДПМНЕ во соопштение.
Во прилог ви го пренесуваме целиот текст интегрално:
Очигледно е дека оттука произлегува и изливот на фрустрации дека кога СДСМ би дошле на власт ќе апселе и ќе нанесувале зло на актуелните функционери.
Овој излив на фрустрации, како и пред секои избори, ќе трае до наредните избори, кога народот уште еднаш ќе им каже што мисли за нив и за нивнот начин на делување.
Ако не се стигне до тогаш, сигурно ќе мора да одговорат на некои прашања пред инстиуциите на Република Македонија, пред истите оние со кои сега се силат и закануваат.
Петре Шилегов ќе треба да се произнесе за неговите матни активности поврзани со неговиот имот и фирми.
Криминалецот Заев има многу работи на кои ќе треба да одговора, a листата е навистина долга. Овој класичен рекетар и градоначалник збогатен преку криминал, има уште најмногу десет месеци на силење и излевање на фрустрации. Народот ќе ја превземе работата во свои раце и него и криминалната банда околу него ќе ги исфрли на клоци од политиката преку масовно и одлучно гласање против оние кои на власт сакаат да дојдат со манипулации и интриги, но и преку носење на власт од некои други, како што Заев вели во СМС пораките кон Мендух Тачи.
Сега нека се силат, нека се закануваат, клеветат и навредуваат. Нека се смеат со таканреченото „happy face“, тоа ќе им остане. Но, нека не забораваат дека кој последен се смее, најслатко се смее. Цел народ ќе им се смее откако ќе се пребројат гласовите по следните предвремени избори, од кои колку и да се трудат, нема да може да избегаат.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа