Антиќ оценет како најдобар дефанзивец на Атланта

 

Македонскиот кошаркар Перо Антиќ од страна на НБА е оценет како најдобар дефанзивец на Атланта.

Според анализите кои се направени на неговата игра, Антиќ кошаркарите кои ги чувал Македонецот имале реализација од поле со 44 проценти успешност што е за 1,9 помал процент од вообичаеното, додека играчите кои се чувани од него имаат 23,8 проценти реализација во обидите за три поени, што е 8,5 отсто помалку од вообичаено.

Пофалба има и за неговата скок игра, а статистиката вели дека Антиќ е еден од најдобрите центри во оваа категорија. Неговата игра во целата сезона е оценета со 6, а воедно се потенцира дека тој е од голема помош и во нападот бидејќи на соиграчите со поставување на блокови им создава простор за шут.

antic1-500

Перо Антиќ во сезоната што заврши имаше  просек од 5,7 поени и 3 скокови по натпревар.

Инаку, на 16-ти јуни е закажано судењето на Перо Антиќ и Тибо Сефалоша во инцидентот кој се случи пред еден ноќен клуб во Њујорк со полицијата во месец април.

 

 

Оцени ја веста

14.06.2015 - 11:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега