Тетово: Си купил ракија со фалсификувани евра
Вчера непознато лице на возраст помеѓу 40 и 50 години измамил старец од Теарце.
Се работи за 75-годишниот А.Ј. од Теарце на кој вандалот му платил за домашна ракија со фалсификувани евра.
Околу пладне непознатото лице дошло во куќата на А.Ј. за да купи пет литри домашна ракија. Откако му ја поддготвил ракијата непознатото лице му платило со банкнота од 500 евра, при што А.Ј. како кусур му вратил 120 евра и 12 илјади денари. Непознатиот ја оставил ракијата кај А.Ј. и рекол дека ќе се врати откако ќе заврши други работи. Бидејќи по подолго време непознатиот не дошол да ја земе ракијата А.Ј. отишол во најблиската продавница каде му било кажано дека банкнотата е фалсификувана.
Пред два дена на идентичен начин со фалсификувана банкнота од 500 евра бил измамен и повозрасен жител на гостиварско Зубовце од кого исто така непознат човек сакал да купи домашна ракија.