Барселона го наместила натпреварот со Депортиво?

 

Натпреварот од последното коло од шпанската Примера помеѓу Барселона и Депортиво Ла Коруња е под истрага поради сомнение дека е наместен.

Каталонскиот тим ретко губи или игра нерешено на натпревари на кои имал водство од 2:0. Сепак, тоа се случи во последното коло против Депортиво, натпревар кој завршил 2:2.

Барселона водеше со 2:0 со головите на Лионел Меси во 5-та и 59-та минута, но со головите на Лукас во 67-ма и Диого 76-та Депортиво израмни на 2:2.

„Ел Мундо Депортиво“ истрагата е покрената по изјавата на дефанзивецот на Депортиво Алберто Лопо:

-Му кажав на Чави да успорат малку, така е најдобро за двата тима.

Во последното коло на Барселона не и беа потребни бодови, бидејќи од порано ја обезбеди титулата, додека со освоениот бод Депортиво Ла Коруња го обезбеди опстанокот.

 

 

Оцени ја веста

11.06.2015 - 10:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега