Доделени нови 50 решенија за легализација на дивоградби

 

Нови 50 решенија за легализација на дивоградби, денеска, се доделени во Општина Кисела Вода. Според градоначалничката Билјана Беличанец-Алексиќ, новите мерки за олеснување на процесот на легализација на дивоградби кои биле преземи дадоа резултат. 

„Со цел да се подобри динамиката на решавање на предметите, општина Кисела Вода направи кадровско и техничко доекипирање на Одделението за легализација на дивоградби, зголемување на бројот на комисии кои излегуваат на терен и воведе практика за решавање на минимум 40-50 предмети на неделно ниво“, изјави Беличанец- Алексиќ.

Градоначалничката додаде дека сепак за процесот на легализација да тече, улога имаат и сопствениците на нелегално изградени објекти, бидејќи тие мораат да достават комплетна документација до административните служби. Моментално бројот на поднесени барања без геодетски елаборат е 3318.

До сега издадени се вкупно 3777 решенија за легализација.

 

 

 

Оцени ја веста

21.05.2015 - 13:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега