Реакција од Град Скопје: Трите исечени дрвја претставуваа потенцијална опасност за минувачите
Написите дека е извршена голема сеча на дрвја од јавните зелени површини спроти трговскиот центар Сити мол, пренесени од дел од медиумите, се неточни, информираат од Град Скопје.
-Екипи на ЈП„ Паркови и зеленило“ во текот на вчерашниот ден спроти трговскиот центар СИТИ МОЛ исекоа три дрвја, од кои две тополи и едно суво дрво. Од стеблата на тополите претходно се искршиле големи гранки кои паднале врз времен објет и предизвикале поголема матијална штета. Поради фактот дека овие тополи претставуваа потенцијална опасност за минувачите, како и сувото дрво и можеше да предизвикаат и големи материјални штети, дрвјата се исечени, се вели во реакцијата од Град Скопје.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа