„Ден за вас“ на 21 мај во општина Ѓорче Петров
Министерството за труд и социјална политика во соработка со Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија во Општината Ѓорче Петров ќе ја реализира активноста „Ден за вас“ во реонскиот парк во општината.
Цел на оваа активност е граѓаните да можат најнепосредно да ги проверат стажот на осигурување, платите и други податоци, односно вработените лица преку непосредни прашања со вработените од споменатите институции да добијат одговори на сите прашања од пензиско и инвалидско осигурување .
Настанот ќе се одржи на 21 мај со почеток во 11 часот и ќе трае до 14 часот.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа