Семејство од Скопје во паника - дете вдишало зрно грав, едвај го спасиле
Зрно грав ќе било кобно за 5-годишно девојче од Сарај.
Го вдишало и за кратко време почнало да се гуши. Според информациите на zdravstvo24.mk помодрено и во животозагрозувачка состојба било донесено на Клиниката за Уво нос и грло.
На Клиниката веднаш бил мобилизиран тимот за ендоскопија. Девојчето итно било внесено во сала каде според лекарите секунди биле во прашање за спасување на детскиот живот.
-Детето беше помодрено и во животозагрозувачка состојба. Самата интервенција се состои во тоа што со метална шипка се влегува во белите дробови и самата интервенција е од висок ризик. Значи секунди се во прашање дали таков случај ќе го изнесете жив од операциона сала. Но туѓото тело е отстрането и сега детето е во добра состојба, вели д-р Горан Мицевски шеф на операциони сали на Клиника за Уво, нос и грло, пренесува Здравство24.
-Од анестезиолошки аспект беше понудена поддршка бидејќи вакви туѓи тела прават отежнување на виталните функции особено на респираторните. Тоа беше направено и детето е спасено, вели д-р Ангелина Трајковска анестезиолог на Клиниката ОРЛ.
Мајката не знае како дошло до драматичната ситуација. Ќерката играла со другарчиња и после тоа почнала да се гуши. Прво ја однеле во поликлиниката во Ѓорче Петров од каде итно ги испратиле на клиника.
Целата сторија прочитајте ја на Здравство24
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа