Атланта и Антиќ во полуфинале

 

Кошаркарите на Атланта успеаја да се пласираат во конференциското полуфинале на „Исток“ откако ноќеска во натпреварот број 6 ја совладаа екипата на Бруклин со убедливи 111:87.

 Со овој триумф Атланта дојде до потребната четврта победа и со 4-2 го елиминира Бруклин. Во следната рунда ривал им е тимот на Вашингтон.

Атланта имаше контрола над резултатот во текот на целиот натпревар, а Бруклин единствено во финишот на првиот дел успеа на намали на шест поени (45:51). Но, на стартот од вториот дел Атланта направи серија од 23-3 и потоа во два наврати имаше највисоко водство од 28 поени разлика (90:62 и 96:68).

Пол Милсап кај Атланта постигна 25 поени, а ДеМар Керол и Кајл Корвер постигнаа по 20, а кај Бруклин Брук Лопез со 19 поени беше најпрецизен. Македонскиот центар Перо Антиќ одигра безмалку десет минути, немаше ниту еден обид за постигнување на поени, а единствено забележа еден дефанзивен скок.

Вечерва се игра и единствената мајсторка од првото коло од плеј офот меѓу ЛА Клиперс и Сан Антонио.

 

 

Оцени ја веста

02.05.2015 - 10:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега