МЗТ Скопје славеше во „Градски парк“

 

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром успеаа да го совладаат Работнички со тесен резултат 82:83 во вечното дерби кое во 5.то коло на Суперлигата се одигра во Градски Парк во Скопје.

МЗТ Скопје одлично го стартуваа мечот и доста брзо создадоа двоцифрена предност со која заминаа на полувремето (32-42). Во вториот дел домашните кошаркари полека но сигурно ја топеа предноста на гостите, па во 34-та минута со тројката на Павковиќ успеаа да поведат со 2 поени разлика ( 53-51).

МЗТ Скопје многу брзо успеа да ја врати предноста во своја корист и во последната минута од мечот влезе со позитива од 6. Неизвесна завршница најави Павковиќ со две постигнати тројки со кои го намали водството на шампионот, меѓутоа можноста мечот да оди во продолжени ја пропушти Ѓурковиќ кој не успеа да ги реализира двете слободни фрлања на две секунди до крајот на средбата. 

Александар Чапин беше прв стрелец во редовите на МЗТ Скопје со 22 поени. Марко Симоновски и Предраг Самарџиски постигнаа по 17, додека капитенот Урош Лучиќ средбата ја заврши со 14.

Во составот на Работнички, Ѓорѓи Чековски постигна 24 поени.

 

 

Оцени ја веста

02.05.2015 - 10:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега