Акрамбе до крајот на сезоната во аут

 

Левиот бек на француската ракометна репрезентација и на ПСЖ Вилијам Акрамбе нема да може да настапува до крајот на сезоната поради повредата што ја доби на почетокот на вториот дел на дуелот меѓу Македонија и Франција.

Акрамбе го повреди коленото, а по лекарските прегледи е утврдено дека станува збор за повреда на менискусот и лигаментите на коленото.

Бекот на француската репрезентација по операцијата ќе мора да мине и четири месеци на рехабилитација.

Акрамбе е дел од француската репрезентација од 2009 година и има освоено златен медал на Светско првенство (Шведска 2011 и Катар 2015), Европско првенство (Данска 2014) и Олимписките игри (Лондон 2012).

Акрамбе во Скопје беше заменет од Тимотеј Н‘Гуесан, кој само во второто полувреме постигна пет голови. 

 

 

Оцени ја веста

02.05.2015 - 10:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега