Дербито на Суперлигата во „Градски парк“

 

Дуелот на големите ривали во македонската кошарка меѓу Работнички и МЗТ Скопје Аеродорм ќе се одигра вечерва во салата „Градски парк“ во Скопје. Ова воедно е дуел на двата првопласирани тима на табелата во Супер лигата. Почетокот на дуелот е во 19 часот.

Во истиот термин во Гевгелија Кожув ја пречекува екипата на Карпош Соколи и за гевгеличани ова е последна шанса со победа да останат во борба за плеј офот. Последниот натпревар од 5.коло од Супер лигата се игра во Куманово меѓу Куманово и Фени Индустри. Почетокот на овој натпревар е во 20 часот.

Табела: МЗТ Скопје Аеродром 35 бодови, Работнички 34, Куманово 32, Фени Индустри 32, Карпош Соколи 32, Кожув 30. 

 

 

Оцени ја веста

01.05.2015 - 11:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега