Погба во ПСЖ за 80 милиони евра
Францускиот фудбалски репрезентативец Пол Погба ќе премине од Јувентус во Пари Сен Жермен за 80 милиони евра.
Како што јавуваат италијанските медиуми Јувентус ја прифатил понудата од ПСЖ и се очекува Погба во текот на летниот преоден рок да направи трансфер во Париз.
Во прилог на трансферот на 22-годишниот напаѓач е и фактот дека неговиот агент Мино Рајола е во добри односи со челниците на двата клуба и дека екипата предводена од Лоран Блан има четири негови клиенти: Златан Ибрахимовиќ, Блез Матуиди, Грегори Ван дер Вила и Максвел.
Покрај ПСЖ интерес за Погба покажаа Реал Мадрид, Барселона, Челзи и неговиот поранешен клуб Манчестер Јунајтед.
За репрезентацијата на Франција има одиграно 22 натпревари и постигнато пет голови.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа