Баерн Минхен и „Адидас“ потпишаа договор вреден 900 милиони евра
Германската мултинационална компанија за спортска опрема „Адидас“ продолжува да ги руши границите во светот на фудбалот.
Овој пат „Адидас“ подготвил десетгодишен договор од неверојатни 900 милиони евра за германскиот тим Баерн Минхен.
Германскиот шампион и германската мултинационална компанија ќе ја продолжат соработката до 2030-та година, а иако актуелниот договор истекува за пет години од „Адидас“ одлучиле пред време да понудат нов.
Овој произведувач на спортска опрема поседува 8,33 проценти од акциите на минхенскиот гигант, а во иднина ќе продолжат да соработуваат со големите тимови и фудбалски сојузи во светски рамки.
Договорот кој ќе го потпише Баерн со „Адидас“ ќе биде втор по финансиска големина, бидејќи најголемиот го потпиша Манчестер Јунајтед кој изнесува 750 милиони фунти, или нешто повеќе од 1 милијарда евра.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа