Атланта и Антиќ го вратија водството против Бруклин

 

На двата натпревара одиграни ноќеска во НБА плеј офот победи забележаа домашните екипи.

Мемфис стигна до 4-1 во серијата против Портланд откако славеше со 99:93 и се избори за полуфинале со Голден Стејт.

Атланта го врати водството во дуелот со Бруклин, сега е 3-2 во серијата.

„Јастребите“ на домашен терен славеа со 107:97, а најефикасен играч беше Демаре Керол со 24 поени. Македонскиот кошаркар Перо Антиќ имаше солиден настап, одигра безмалку 18 минути, постигна 8 поени и запиша четири скокови и една асистенција.

Вечерва се играат два натпревара:

Милвоки - Чикаго (3-2 за Чикаго) и

Сан Антонио - ЛА Клиперс (3-2 за Сан Антонио).

 

 

Оцени ја веста

30.04.2015 - 11:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега