Гвардиола: Јас сум горд на екипата

 

Тренерот на Баерн Минхен, Пеп Гвардиола, рече дека е горд на својата екипа и покрај поразот од Борусија од Дортмуд во полуфиналето од Купот на Германија.

„Јас сум горд на својата екипа како никогаш претходно“, вели предводникот на Баварците.

„Особено сум горд на играчите бидејќи направија се што можеа, а јас сум задоволен“, рече Гвардиола.

Баерн Минхен не успеа да се пласира во финалето на Купот, бидејќи по изведувањето на единаесетерецот изгуби од Борусија од Дортмунд.

Во регуларниот тек и по продолжетокот беше 1:1, додека екипата од Дортмунд ја доби пенал серијата со 2:0.

„Тоа беше најдобар натпревар на Баерн Минхен против Борусија Дортмунд откако дојдов во Германија“, нагласи искусниот Шпанец.

„При изведувањето на пеналот бевме изморени, пред се и честитам на Борусија и им посакувам среќа во финалето“, додаде Гвардиола.

Сите четири фудбалери на Баерн Минхен ги промашија пеналите, капитенот Филип Лам и Чаби Алонсо се лизнаа, шутот на Марио Геце беше одбранет од голманот, а Мануел Нојер ја погоди пречката.

Баерн Минхен се обидуваше да остане во игра за 3 трофеја во сезоната, но не успеа.

Титулата во Бундеслигата ја одбрани викендот, а во полуфиналето од Лигата на шампионите ќе игра против Барселона.

 

 

Оцени ја веста

30.04.2015 - 10:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега