ВИДЕО: Познат фудбалер со 170 км/ч се заби во бандера!
Рускиот фудбалер Андреј Јешченко неодамна во градот Краснодар, со брзина од 170 километри на час буквално се заби во бандера со својот Нисан ГТ-Р и остана неповреден.
Првотимецот на ФК „Кубан“ и репрезентативец на Русија по ударот останал неповреден, а неговиот автомобил е целосно уништен.
Според видео снимката од надзорната камера, јешченко при голем брзина изгубил контрола над автомобилот, удрил во банкината и се удрил во столбот. Според првичните информации по ударот, фудбалерот бил само вознемирен и имал расекотина на устата.
Неофицијалните информации, за кои пишуваат странските медиуми, говорат дека фудбалерот бил во алкохолизирана состојба, како и дека одбил медицинска помош која пристигнала на местото на несреќата.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа