Ван Гал го сака Фалкао не Чичарито

 

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Луи ван Гал, не е заинтересиран за враќање на Хавијер Ернандес од Реал Мадрид, но затоа би сакал да го задржи Радамел Фалкао.

Како што пренесува „Дејли Стар“, ван Гал потценувачки зборувал за Чичарито кој „експлодираше“ на последните два натпревара за Реал Мадрид.

„Иднината на Чичарито? Го пратив во друга екипа до крајот на сезоната. Му го кажав истото што и на Велбек, резерва си и мислам дека тоа е најдобро за тебе“, рече ван Гал.

Мексиканецот го постигна победничкиот погодок за Реал Мадрид во мечот против Атлетико со кој избраниците на Карло Анчелоти се пласираа во полуфиналето од Лигата на шампионите каде ќе ја бранат титулата.

По тој меч фудбалскиот репрезентативец на Мексико постигна уште два погодока за Мадриѓаните во победата со 4:2 против Селта.

„Кога ќе постигнеш еден гол, како што направи тој за Реал Мадрид, дали тоа те прави различен? Не верувам“, рече Холанѓанецот.

Тој додаде дека би сакал Фалкао кој игра на позајмица од Монако да остане на „Олд Трафорд“ иако Колумбиецот не покажа ни дел од својот раскошен талент откако дојде во клубот минатата сезона.

„Не можам да го кажам тоа за Фалкао, тој има квалитети кои што се неопходни за да игра“, истакна искусниот Ван Гал. 

Јунајтед моментно е на четвртото место во Премиер лигата со 12 бодови помалку од водечкиот Челзи, а два зад Арсенал и Манчестер Сити.

 

 

Оцени ја веста

29.04.2015 - 17:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега