Измерени -1 степени - Ова е најстуденото место утрово во Македонија
УХМР денеска информира дека утрото во Македонија ќе биде ведро и посвежо, а преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 8, а максималната ќе достигне од 18 до 25 степени.
Ова утро е најстудено во Берово каде се измерени -1 степени. 0 Попова Шапка, 2 Маврови Анови, 3 Крива Паланка, 4 Скопје-Петровец, Крушево, Струмица, 5 Штип, Тетово, Гевгелија, Куманово, Демир Капија, Велес, 6 Скопје-Зајчев Рид, Кавадарци, 7 Охрид, Прилеп, 8 Виница.
Во Скопје, сончево со слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 25 степени.
Во наредните денови следува сончево и потопло време со мала до умерена облачност и со умерен северен ветер.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа