ПСЖ го објави првото засилување за наредната сезона

 

Станува збор за десен бег кој има ист број асистенции како Кавани, Лавеци.

Пари Сен Жермен го составува мозаикот за во иднина. Дел од проектот е Серж Орије, репрезентативецот на Брегот на Слоновата коска кој потпиша четири годишен договор со клубот.

На сметката на Тулуз од каде Серж беше земен на позајмица, ПСЖ уплати 10 милиони евра, а за возврат го доби 22 годишниот играч кој дресот на францускиот клуб ќе го носи до 2019 година.

-Исклучително сум среќен што останувам во ПСЖ. Горд сум и задоволен, бидејќи овој клуб го поддржував уште од мал, а во иднина ќе се трудам да ја оправдам довербата на челните луѓе. Морам да кажам дека многу научив и дополнително ќе напредувам, изјави Орије по потпишувањето на договорот.

 

 

Оцени ја веста

29.04.2015 - 15:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега