Хјустон во конференциското полуфинале

 

Кошаркарите на Хјустон се пласираа во полуфиналето на „Запад“ откако ноќеска пред своите гледачи во натпреварот број 5 од првото коло од НБА плеј офот го победија Далас со 103:94.

Овој триумф им донесе победа од 4-1 во добиени натпревари. Џејмс Харден со 28 поени беше најефикасен кај победничката екипа.

Шампионот Сан Антонио оствари уште една гостинска победа во дуелите со ЛА Клиперс, го совлада противникот со 111:107 и сега води со 3-2 во победи.

Тим Данкан кај победничката екипа постигна 21 поен со 11 скокови, додека најпрецизен беше Блејк Грифин од ЛА Клиперс со 30 поени, а имаше и 14 скокови.

Натпреварот број 6 се игра во четврток навечер во Сан Антонио.

Вечерва се играат натпреварите: Атланта – Бруклин (2-2 во победи) и Мемфис – Портланд (3-1).

 

 

Оцени ја веста

29.04.2015 - 11:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега