ЕВН најави исклучувања за утре во Скопје - каде ќе нема струја?

 

Утре ќе има неколкучасовен прекин на снабдувањето со електрична енергија во дел од населбите во општините Кисела Вода, Гази Баба, Сарај, Чаир, Петровец и Центар. Причина се технички зафати во електро системот, соопшти  денеска Регионалниот центар за справување со кризи.

Без струја утре од 9 до 15 часот ќе бидат корисниците ул. „Саса“ – подулици 2, 4 и 18  во општина Кисела Вода, од 08:30 до 14:30 часот на улиците „Стојна Стефкова“, „Ордан Чопела“ и  „373“  во општина Гази Баба, а од 9:30  до 13 часот дел од село Буковиќ во општина Сарај. 

Утре од 9:30 до 14 часот струја ќе нама и на дел од улиците „Цветан Димов“, „Џон Кенеди“, „Панче Неделковски“ и „Кемал Ататурк“ во општина Чаир, од 9 до 14:30 часот во Агино Село, Тотинци, Катлановско Блацо, Кожле, бададр, Дримкол Скепер и тунелот Катланово во општина Петровец, од 9  до 11 часот на ул.„Серска и Христо Узунов“  во општина Центар, а од 12 до 14 ул. „Црниче“  во општина Кисела Вода.

 

 

Оцени ја веста

29.04.2015 - 09:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега