Друловиќ ќе го враќа Пандев во репрезентацијата

 

Новиот селектор на Македонија Љубинко Друловиќ најави дека ќе разговара со Горан Пандев за негово враќање во репрезентацијата.

-Да бидеме реални, Горан Пандев во моментов е прв играч на Македонија. Искрено, во моментов никој не ја знае вистинската причина зошто тој се повлече од националниот дрес, но секако дека е потребна негова помош. Ние ќе разговараме со него, а одлуката дали ќе се врати да и помогне на репрезентацијата или не, ќе биде негова, вели Друловиќ.

Што се однесува до Марко Павловски од Порто, кој има македонски корени, а игра за младинската селекција на Србија, Друловиќ вели дека од ФФМ и од самиот фудбалер зависи дали тој ќе го облече дресот на Македонија.

 

 

Оцени ја веста

29.04.2015 - 09:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега