Од денеска пренасочени дел од автобусите во Скопје
Градот Скопје ги известува граѓаните дека денеска, во четврток и во петок целосно ќе биде затворен за сообраќај кружниот тек што е формиран меѓу булеварот Партизански одреди и улиците Ѓорче Петров и Ацо Шопов, кај Порта Влае, поради изведување градежни работи.
Автобусите од градските линии 2, 2А, 4, 12, 22 и 22A во наредните три дена ќе бидат пренасочени преку улиците Ангел Динев, Војвода Васил Чакаларов (поранешната улица Адолф Циборофски) и Ѓорче Петров, а автобусите на автобуската линија со број 21 ќе бидат пренасочени по булеварот 8.Септември и улицата Скупи. Оваа траса автобусите од јавниот превоз ќе ја задржат и во обратна насока, а притоа ќе се користат постојните автобуски стојалишта.
Автобусите на приградските линии 11, 32, 56, 56а, 60 и 64 ќе бидат пренасочени по улиците Московска, Митрополит Теодосиј Гологанов и Војвода Васил Чакаларов (поранешната улица Адолф Циборофски) и ќе продолжуваат во правец кон улицата Ѓорче Петров. Во обратна насока посочените возила ќе се движат по истата траса.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа