Вардар го доби дербито со Работнички
Фудбалерите на Вардар славеа победа над градскиот ривал Работнички во дерби натпреварот од 27.коло на Првата македонска фудбалска лига.
На мечот кој ќе се одигра попладнево на арената „Филип Втори’’, екипата на Вардар забележа значајна победа над Работнички, со која црвено-црните сега ја зголемија предноста на шест бода во однос на ривалот во трката за шампионскиот трофеј.
Вардар поведе со голот на Влатко Грозданоски во 22-минута, а веќе во 39-минута Дејан Блажевски зголеми на 2:0.
Попладнево беше одигран уште еден натпревар и тоа во Турново, каде екипата на Шкендија како гостин го победи Хоризонт Турново со 3:0.
Потсетување на останатите резултатите од ова коло кои беа постигнати на средбите одиграни во неделата: Брегалница – Силекс 2:0, Металург – Тетекс 0:0 и Пелистер – Ренова 1:1
Со комплетирањето на ова коло, заокружен е третиот дел од првенството, по што престои последниот во кој првопласираните шест екипи ќе разигруваат за шампионската титула и местата кои водат во европските купови, додека последните четири ќе играат во плеј-аутот, односно ќе се борат за опстанок во Првата лига.
Табела плеј-оф: Вардар 61 бод, Работнички 55, Шкендија 47, Ренова 44, Силекс 34 и Металург 33.
Табела плеј-аут: Хоризонт Турново 30, Брегалница 30, Пелистер 23 и Тетекс 11.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа