Лазаров: Вложувам во младите- тоа е мојата најдобра инвестиција!
Најдобриот македонски ракометар го промовираше својот прв ракометен камп „Кирил Лазаров 7“, кој од 22 до 28 јуни ќе се одржи во Охрид.
Лазаров вели дека во својот ракометен камп прво ќе оди на квалитет, а не на масовност.
-Идејата за овој камп во мојата глава ја имам подолго време и беше само прашање на година кога ќе се реализира. Секогаш кога правам нешто сакам да бидам посветен максимално. Затоа сакам овој камп да го направиме на едно високо ниво, за да продолжиме и во наредните години. Со овој проект јас и мојот тим се обидуваме да инвестираме во иднината на македонскиот ракомет. Од сите мои инвестиции во минатото, ова е можеби мојата најдобра - вложување во младите. Во првата година нема да одиме на масовност, туку на квалитет. Секој почеток е тежок, но свесни сме за тоа и верувам дека правилно ќе одговориме на предизвикот и дека ќе овозможиме правилен развој на децата и формирање на нивниот карактер - изјави Лазаров на прес-конференцијата во „Скопје сити мол".
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа