Ноле одлучи кога ќе се повлече од тенисот
Првиот рекет на светот Србинот Новак Џоковиќ изјави дека верува дека може да игра тенис на високо ниво уште најмалку пет шест години, а потоа најави повлекување од овој спорт.
Ноле прв пат го зеде рекетот на четиригодишна возраст, а потоа напредуваше од година во година. ТОј настапи на првиот АТП турниир во 2006 година во Амерсфорт. Во 2011 прв пат го змеа првото место на АТП листата. Започна како 144 на АТП листата. „Сигурно ќе играм уште пет шест години. Чувствувам дека имам сила во нозете. Мојот син Стефан ми даде дополнителна енергија за играње.
Тој ми даде нов смисол на животот. Уште е мал и не можам да го носам со себе низ светот. Петте дена со него по раѓањето ми донесоа неверојатен спокој. Кога се роди на ништо друго не мислев“, изјави Ноле. На 22 мај тој ќе наполни 28 години. Неодмана успеа да стане првиот човек кој успеа да освои три Мастерс турнира во иста година (Инидијана Велс, Мајами и Монте Карло). Србинот на 3 мај ќе учествува на мастеросот во Мадрид.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа