Првиот човек на КФМ Пеце Наумовски - нема веќе лесно давање пасоши на Американци
Моја основна цел ќе биде овозможување најдобри услови за работа на националните селекции и ќе направам сѐ што е во моја моќ повторно да ја обединам екипата која во 2011 година дојде до четвртата позиција на ЕП во Литванија.
Ова се првите зборови на легендарниот Петар Наумоски по изборот за претседател на Македонската кошаркарска федерација (МКФ). Тој рече дека веќе од утре ќе почне со разговори со репрезентативците кои заминаа во пензија или кои најавија дека повеќе нема да играат за националниот тим.
„Категорично сум против лесното давање пасоши, нешто на што бевме сведоци во изминативе години. Јасно е дека треба да се искористат сите ресурси и можности, но на адекватен начин кој нема да го загрози развојот на домашниот играчки кадар. Ќе кренеме рачна, ќе видиме каде сме по ова прашање и ќе видиме како понатаму“, заврши новиот преводник на македонската кошарка.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа