ФОТО: Крвавото белградско дерби меѓу Ѕвезда и Партизан снимено и на филм
Американска продуциска телевизија Вајс снимала за време на фудбалскиот меч меѓу Црвена Звезда и Партизан како и десет дена пред почетокот на овој дуел, документарец под името „Најопасното дерби на светот“. Екипата од петнаесет членови донела најсовремена опрема, а дури десет камери ги забележаа случувањата на стадионот „Рајко Митиќ“. Според информациите новинарите на ТВ Вајс разговарале со поедини водачи на навивачите и граѓаните. Од САД е донесена опрема тешка повеќе и од 50.000 евра и станува збор за една од најскапите продукции. Се планира да се сними серијал и да се емтиува на HBO каналот. Покрај вечното белградско дерби, снимени се и емисии од Аргентина, Шкотска, Израел, Палестина...
]Екипата со себе има понесено и микрокамери „го-про“. Имаат можност да ги монитраат на телото и на тој начин да ги снимат случувањата од прва рака. Случувањата на мечот предизвикаа големо внимание а дури ни полицијата не успеа да ги спречи нередите на мечот.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа