Пех за Металург: Нелоски ги скинал лигаментите!
Магнетната резонанца на коленото на Марко Нелоски ги потврди стравувањата во Металург, младиот лев бек има скинати предни вкрстени лигаменти., пренесува Спортмедиа.мк.
Тоа е една од најтешките спортски повреди која бара долга и макотрпна рехабилитација, од миниум шест месеци и многу работа за враќање во старата форма.
Ако е нешто позитивно во целата несреќа е тоа што претстои летната пауза во која ќе помине добар дел од периодот за рехабилитација на македонскиот младински репрезентативец.
Инаку, Нелоски се повреди на мечот против Вардар во саботата и уште тогаш, по неговата реакција се читаше дека повредата не е наивна. Тој има само 19 години и цела кариера пред себе, но веќе мораше да преброди тешка повреда на рамото и уште една на коленото кои и онака го попречија неговиот блескав талент за ракомет.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа