Кристина Стојчевска освои сребро на „Австрија опен’’

Во сениорка конкуренција на повеќе од 2000 кик-боксери од 31 држава, Кристина Стојчевска во категоријата -55 килограм во дисциплината во кик-лајт, се закити со сребрен медал.
До второто место таа дојде со победи над домашната натпреварувачка Дорис Кохлер и Италијанката Елена Кардонт .
Во финалната борба, Стојчевска се сретна со претставничка на Слованија, Мелинда Рамадани, а златото и „избега„ за само еден поен.
Оцени ја веста
27.04.2015 - 17:29
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа