Онеста: Македонија е квалитетна, атмосферата во Скопје ќе биде жешка

 

Селекторот на француската ракометна селекција Клод Онеста стравува за исходот од средбата против репрезентацијата на Македонија, јавува дописникот на МИА од Париз.

- Можно е да биде сложено, бидејќи против нас имаме една квалитетна Македонија и атмосферата ќе биде жешка. Македонија не е екипа од европското топ ниво, но таа располага со добри иднивидуалци и таа е способна да победи било која екипа на еден натпревар, вели Онеста во интервјуто за францускиот дневен весник „Ла Депеш“.

Понатаму тој додава, дека за една земја која ја пречекува Франција, тоа е вистински тест натпревар и дека домаќините ќе сакаат да се докажат против фаворитот.

Клод Онеста само еднаш предводел екипа во Македонија, гостувањето не му оставило „убав“ впечаток, или како што вели, тоа за него било „фолклорно“. Имено тој го загуби натпреварот против Вардар во 1999 година, кога беше тренер на Тулуз со 26:19. Притоа тој признава дека атмосферата во салата ги збунила, наоѓајќи се во една средина која не можеле да си ја замислат.

Во среда вечер во Скопје, француската ракометна селекција ќе го облече по прв пат својот нов дрес со пет ѕвездички против Македонија, во натпревар од квалификациите за Европското првенство во Полска во 2016 година. Онеста најави најсилен состав што Франција го има во моментов

 

 

Оцени ја веста

27.04.2015 - 13:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега