ВИДЕО: Нападнат автобусот на Јуве, неколку повредени навивачи
Во Италија беше одиграно големото градско дерби помеѓу Торино и Јувентус.
По две децении екипата на Торино конечно го совлада големиот градски ривал со 2:1 и тоа преку пресврт. Сепак, резултатот помина во сенка на инцидентите кои ги направија навивачите на двата тима.
Првиот инцидент се случи на трибините, кога од страната каде што беа сместени фановите на Јувентус, долета некаква пиротехничка направа и повреди неколку навивачи на Торино.
Италијанските медиуми велат дека се работи за некаква опасна експлозивна направа.
По мечот, нов инцидент, фановите на Торино, го нападнаа автобусот на актуелниот италијански шампион, но за среќа немаше повредени.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа