ФОТО: Господине Самсоненко време е за будење
Да се случеше ова на натпревар на некој од големите европски клубови тренерот немаше да го дочека ни крајот на мечот. Уште пред да влезе во соблекувалната ќе го добиеше отказот. Но Вардар очигледно и покрај намерите на сопственикот се уште е далеку од европски клуб иако ги има сите предиспозиции за тоа во вид на навивачи, стадион, инфраструктура.
Сергеј Андреев го дигна бесот на Комити до максимум откако во јавноста излезе оваа фотографија на која првиот човек на клупата на скопската и македонска светост дремеше на натпреварот Шкендија - Вардар кој тетовци го добија со 3:2 иако од 15тата минута играа со играч помалку по исклучувањето на Ашковски.
Нема информација дали Андреев ги преспа двта гола кои неговиот тим ги прими со играч помалку.
Господине Самсоненко, време е за будење.
Време е Вардар да го добие она што го заслужува. Навивачите на Вардар се благодарни за она што Самсоненко го направи за ракометниот клуб, но за Комити ФК Вардар е пред се. Да не се дзоволува вакв ликови да го валкаат угледот на најтрофејниот македонски клуб.
Потребен е нов човек на клупата.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа