Вардар прими два гола со играч повеќе - навивачите бараат отказ за Андреев

 

 

Фудбалерите на Вардар загубија со 3:2 на мечот против Шкендија кој домаќинот го играше на стадионот на Башкими во Куманово. 
Иако најтрофејниот македонски фудбалски клуб од 15тата минута играше со играч повеќе по исклучувањето на Ашковски, домаќините успеаа да слават и да дадат дури два гола со црвен картон.
Стенио Жуниор стрелаше за 1:0 за Шкендија во 10тата минута. Во 38та минутиа пенал за Шкендија. Вручина реализираше за 2:0. Пред крајот на првиот дел, Вардар успеа да намали преку Ибричиќ а во второто полувреме на 15 минути пред крајот на мечот Дашјан израмни на 2:2.
Само 5 минути подоцна домаќините преку Жуфо повторно дојдоа во водство а резултатот 3:2 беше конечен на овој меч.

Навивачите на Вардар веќе подолг период се револтирани од пристапот на играта и односот кон тимот што го има селекторот Сергеј Андреев. Се посилен е нивниот притисок Вардар да добие нов шеф на стручниот штаб кој ќе го одведе тимот до нова титула и квалитетен настап во Европа.

 

 

Оцени ја веста

24.04.2015 - 16:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега