Турски конзул кандидат за прв човек на македонската кошарка?!

 

Турскиот конзул во Охрид Абдурахман Бајрактар ќе биде кандидат за претседател на Македонската кошаркарска федерација на претстојното Собрание кое ќе се одржи на 27.април.

Како што пренесува порталот „Екипа“, Бајрактар кој е почесен турски конзул во Охрид, важи за успешен бизнисмен кој во значајна мера помогнал во носење на спонзори од оваа земја токму за помош на Македонската Кошаркарска Федерција.

За да може да биде валиден кандидат за избор за нов претседател, тој ќе треба најпрвин да добие писмена поддршка од десет клубови со право на глас на Собранието, пишува „Екипа“, каде се додава дека иницјативата за собирање потписи е веќе стартувана.

Претходно беше највавувано дека кошаркарската легенда Петар Наумовски ќе биде единствениот кандидат за претседателската позиција во МКФ.

Повеќе на следниот ЛИНК.

 

 

Оцени ја веста

24.04.2015 - 15:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега