Македонските атлетичари се подготвуваат во Црна Гора

 
Најдобрите македонски атлетичари во организација на Македонскиот олимписки комитет (МОК) и на Атлетската федерација на Македонија (АФМ) од среда почнаа подготовки во Црна Гора, кои ќе траат до 2 мај. Целта на подготовките е нашите атлетичари во добра форма да настапат на Европските игри (ЕИ) во Баку 2015.
 
Подготовките ќе се изведуваат во соработка и со атлетичари од Србија, а планирано е и учество на нашите најдобри атлетичари на атлетскиот митинг во Бар, Црна Гора.
 
На списокот на селекторот Влатко Димитров се Ристе Пандев, Валбона Селими, Мартина Мироска, Славчо Мирчевски, Јованче Јанковски, Марија Стојановска и Христина Ристеска.
 

 

Оцени ја веста

24.04.2015 - 14:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега