Влезниците за бокс мечот Пакиао-Мејведер по цена од 1.500 долари
Влезниците за „борбата на векот“, како што многумина ја нарекуваат, помеѓу Флојд Мејведер и Мани Пакиао во продажба ќе се најдат од четврток.
Таа борба е закажана за 2.мај во „МГМ Гранд“ казино во Лас Вегас, кој има капацитет од 16.500 места, но сигурно само околу 1000 влезници ќе се најдат во продажба. Останатиот дел од влезниците ќе биде наменет за боксерите, казиното, спонзорите и промоторите.
Се очекува најефтините влезници да бидат по 1.500 долари, а цените на влезниците кои ќе бидат во слободна продажба се очекува да стигнат до 7.500 долари.
До најскапите влезници ќе може да се дојде по некои „други канали“, а се шпекулира дека ќе достигнат цена и до 100.000 долари.
Мевједер забележал победи на сите свои 47 бордби, од кои 46 со нокаут, додека Пкиао има 57 победи, пет порази и два нерешени исходи во кариерата.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа