Панчев: Едниствен спас за фудбалот во регионов е формирање „АБА“ лига

 

Еден од најдобрите македонски фудбалери на сите времиња Дарко Панчев во изјава за српските медиуми рече дека единствениот спас за состојбата на фудбалот на овие простори е формирање регионална фудбалска лига.

- Квалитетот на фудбалот бележи пад од година во година. Зборувам веќе 15 години дека единствен спас за нашиот регион е „АБА“ фудбалска лига. Без разлика на противниците на оваа теза, сметам дека ништо не може да нè спаси ако не се врати Ју-лигата. Овој фудбал по квалитетот не е ниту 20 проценти од она што го игравме ние во наше време. Тој е само за домашна употреба и не е конкурентен во Европа, истакна Панчев.

Според него најголем проблем на балканските клубови се финансиските средства поради што не може да се обезбедат квалитетни играчи на подолг рок.

- Квалитетот на фудбалерите е сомнителен. Последниве години речиси и да ги нема. Многу од играчите кои сега настапуваат во поголемите клубови тешко дека би ги поминале критериумите кои важеа порано во времето кога Црвена звезда беше европски првак.

 

 

Оцени ја веста

23.04.2015 - 11:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега