Атланта поведе со 2:0 против Бруклин

 

Кошаркарите на Атланата и Мемфис поведоа со 2-0 во четвртфиналните серии против Бруклин односно Портланд, додека Сан Антонио направи брејк и изедначи на 1-1 во серијата со ЛА Клиперс од 1.коло на НБА плеј-офот.

Најдобриот тим во Источната конференција по лигашкиот дел, Атланта со 96:91 го совлада Бруклин. Пол Милсап со 19 и Џеф Тиг со 17 поени беа најефикасни во победничкиот тим.

Мемфис до 2-0 со Портланд дојде по ноќешниот триумфот со 97:82.

Шампионот Сан Антонио по брејкот кај Клиперси со 111:107 изедначи на 1-1 во серијата прв до четири победи. Натпреварот беше решен по продолжение (94:94 по 48.минути). 

 

 

Оцени ја веста

23.04.2015 - 11:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега