ВИДЕО: Вистинскиот Роналдо и со неколку килограми вишок покажа мајсторија
Бразилецот Роналдо и Зинедин Зидан повторно заиграа во ист тим, овој пат за хуманитарни цели.
Зинедин Зидан и Роналдо организираа хуманитарен меч во борба против сиромаштијата, а ѕвездите во нивниот тим ги бираа самите, додека на спротивната страна беа ѕвездите на францускиот тим Сент Етјен.
Бразилецот Роналдо и со неколку килограми повеќе покажа мајсторија и потсети на неговите најдобри денови. Тој постигна три гола, а во листата на стрелците се запишаа Трезеге, Седорф, Обамејанг. Мечот заврши со резултат 7:9 во корист на ѕвездите на Сент Етјен.
Оцени ја веста
21.04.2015 - 23:18
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа