ФОТО: Невидена бруталност на фудбалски меч во Германија
Невидена, брутална физичка пресметка се случила во саботата на меч од локалната германска лига помеѓу тимовите на Берлин СЦ и Спарта Лихтенберг.
Натпреварот, кој го гледале неколку десетици љубители на фудбалот, завршил со неколку повредени, а најмногу настрадал играчот на Спарта Стивен Деи-Квартег кој поради повредите веднаш бил префрлен во болница и му била извршена операција.
Како што јавува „Билд“ тој имал скршен нос.
Тренерот на Спарта Драган Костиќ тврди дека инцидентот бил планиран, бидејќи кај еден од напаѓачите забележал оружје.
-Кај еден од нив видов нож, тврди Костиќ.
Полицијата спровела истрага за инцидентот, а три лица биле приведени, а нема да им биде тешко да ги пронајде сите виновници бидејќи мало камера која ја снимила целата ситуација.
„Билд“ не ги објави причините поради кои дошло до инцидентот.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа