Ригорозни казни за КК Кожув по инцидентот во Гевгелија

Комисијата за натпреварување при Македонската кошаркарска федерација, ги изрече казните, за актерите, кои по споменатиот меч физички и вербално ги нападнале тројцата судии.
Тренерот на Кожув Милош Пејиќ е суспендиран на една година поради остварен физички напад врз судиите. Суспензија од една година заработи и службениот претставник на клубот, Ѓоко Главчев.
Во мечот ос следното 4.кмоло против Фени Индустри во Кавадарци, гевгелискиот тим ќе настапи без: Филип Шепа, Слободан Дунџерски, Милан Јањушевиќ и Горан Главчев, кои заработија суспензија од еден натпревар.
Воедно, покрената е и дисциплинска постапка против претседателот на клубот, Томица Главчев, кој е член на УО на МКФ, кој од официјалните лица на натпреварот го пријавиле за физички напад.
Покрај овие казни, Кожув наредните два натпревари на домашен терен ќе ги игра пред празни трибини, а во касата на МКФ, гевгеличани ќе треба да уплати неверојатни 248.000 денари или повеќе од 4.000 евра за прекршоците направени од играчите, тренерот и управата на клубот.
Оцени ја веста
21.04.2015 - 21:13
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа