ФОТО: Транспарентот на навивачите на Партизан ја згрози цела Србија
Дел од навивачите на Партизан истакнаа непримерна порака која се однесуваше на физичкиот изглед на кошаркарот на Црвена Звезда, Никола Калиниќ, која подоцна беше оправдано отстранета.
На транспарентот пишуваше „Да се врати најкот на устата на Калиниќ“.
Одличниот кошаркар во детството доживеал тешка скршеница на вилицата по која операцијата не ги даде саканите резултати. Навивачите на Партизан истакнаа невкусна порака, што беше само последна во низата на лошите епизоди во кои целта беше навреда на противничкиот кошаркар.
Оцени ја веста
20.04.2015 - 13:44
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа