Познати учесниците на завршниот турнир во Келн
Екипите на Барселона, Киелце, Веспрем и Кил ќе играат на завршниот турнир во ракометната Лига на шампионите во Келн. Синоќа во реванш четвртфиналето бундеслигашот Кил го совлада унгарскиот тим ПИК Сегед со 31:23 и со тоа ја надополни негативата од два гола од првиот дуел. Вкупниот резултат беше 60:54.
Веспрем беше убедлив на домашен терен и го совлада ПСЖ со 34:28 (58:52 вкупен резултат). Две победи оствари Килеце над македонскиот преставник Вардар, а во реваншот беше 33:31 (55:51), додека Барселона со 43:21 (68:44) го елиминира Загреб.
Извлекувањето на полуфиналните двојки ќе се изврши утре во Келн. Полуфиналето се игра на 30.мај, а следниот ден (31.мај) на програмата се дуелот за третото место и финалето.
Оцени ја веста
20.04.2015 - 11:06
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа