Прва победа за Атланта во плеј-офот

 

Најдобрата екипа од Источната конференција Атланта со победа го почна плеј офот. Ноќеска пред своите навивачи во првиот натпревар од 1.коло од доигрувањето го совладаа Бруклин со 99:92.

Предноста од првиот период (32:20 за Атланта), на крајот се покажа и решавачка. Најефикасен беше Кајл Корвер со 21 поен.

Домашниот терен беше предност и на другите три дуели одиграни ноќеска: Кливленд – Бостон 113:100 (Исток), Мемфис – Портланд 100:86 и ЛА Клиперс – Сан Антонио 107:92 (Запад).

Вечерва се играат два дуела: Чикаго – Милвоки (1-0 во победи) и Голден Стејт – Њу Орлеанс (1-0).

 

 

Оцени ја веста

20.04.2015 - 11:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега