Вардар преку Киелце брка пласман во полуфиналето на Лигата на шампиони

Македонскиот вицепрвак Вардар на гостувањето против Киелце, во реванш натпреварот од четвртфиналето, ќе треба да надополни негатива од два гола, по скопскиот пораз од 22:20.
Средбата Киелце – Вардар ќе започне од 15 часот и 30 минути и е првата од трите кои се играат денеска.
Во другите два меча ќе играат, Кил - ПИК Сегед (29:31 прв натпревар) и Веспрем – ПСЖ (24:24).
Потсетување, дека екипата на Барселона со вчерашниот убедлив триумф над ППД Загреб со 43:21, прва обезбеди пласман на завршниот „Фајнал фор ’’ турнирот е во Келн кој ќе се игра на 30 и 31 мај.
Оцени ја веста
19.04.2015 - 11:46
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа