Алексис Санчез го одведе Арсенал финалето на ФА куп
Алексис Санчез е најзаслужен за пласманот на Арсенал во финалето на англискиот фудбалски ФА куп.
Мексиканецот беше стрелец на двата гола за „Топџиите’’ во полуфиналниот меч против Ридинг кој Арсенал го допи по продолженијата со 2:1.
Санчез во 40-минута и донесе предност на својата екипа од 1:0, која ја анулира Герет МекКарти во 54-минута. И, откако до крајот на регуларните 90-минути резултатот остана непроменет 1:1, се играа продолженија.
Во финишот на првото продолжение, односно 105-минута Санчез го постигна својот втор гол на овој меч, за конечен триумф на Арсенал и пласман во финалето.
Противник на Арсенал во мајското финале на „Вембли’’, ќе биде победникот од мечот кој ќе се игра попладнево, а во кој Астон Вила го пречекува Ливерпул .
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа